Поврзете се со нас

АТП

Американски тенисер по Лејвер купот: Не планирам да му се извинам на Федерер

Објавено

на

Тимот на Светот го освои последното издание на Лејвер купот, егзибициски турнир чија едиција за 2022 година ќе биде запаметена поради официјалниот крај на кариерата на Рожер Федерер.

Токму Швајцарецот реши да игра дубл со Рафаел Надал на својот проштален меч, кој тениските великани го загубија од Сок и Тиафо.

Френсис Тиафо донесе важни поени за тимот на Светот во Лондон, но вели дека не планира да му се извини на Федерер што го победил на последниот меч во кариерата.

– Не планирам да му се извинам.

– Тој има многу за извинување последните 24 години, победувајќи ги сите на турнирите. Сепак, ќе кажам и благодарам што бев дел од ваков убав и атрактивен настан, – изјавил Тиафо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни