Поврзете се со нас

Атлетика

Американската штафета не обезбеди финале, реагираше Карл Луис: Ова е голем срам!

Објавено

на

Американската атлетска штафета на 4×100 метри се посрамоти во квалификациската трка на Олимпијадата и остана без можност да се бори за медал во Токио.

Штафетата составена од Трејвон Бромел, Фред Керли, Рони Бејкер и Кревон Гилеспи го освои само шестото место во квалификациската трка со време 38,10 секунди, а тоа беше далеку од доволно за место во финалето.

Жестоки критики стигнаа од легендарниот Карл Луис, кој воопшто не ги штедеше помладите сонародници.

– Предавањето на палката беше целосно погрешно, трчаа на погрешна нога, а се гледа дека недостасува и лидер.

– Ова беше голем срам, неприфатливо е американската штафета да изгледа полошо на патеката од аматерски атлетски тим составен од деца, – изјавил Луис.

На трката победила Кина, пред Канада и Италија, а подобар пласман од САД имале и штафетите на Германија и Гана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни