Поврзете се со нас

ВТА

Американска тенисерка со реплика за Ѓоковиќ: Лесно е некој што заработил 150 милиони да кажува…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ предизвика многу реакции меѓу тенисерите и тенисерките со критиките на сметка на организаторите на Ју-Ес Опен, кои според него поставиле екстремен протокол.

Светскиот рекет број еден вели дека пред се му пречи фактот што со себе во Њујорк може да доведе само еден тренер, но покрај поддршката, Ѓоковиќ за ваквата изјава заработи и критики.

Последната доаѓа од Даниел Колинс, американската тенисерка која стигна до полуфиналето на Аустралијан Опен во 2019 година.

– Станува збор за голема противречност. Никој не може да игра на турнири уште од февруари, ова е одлична можност за тенисерите повторно да заработуваат пари, а овде го имаме најдобриот тенисер во светот кој вели дека нема да игра ако има на располагање само еден тренер.

– Лесно е кога некој заработил 150 милиони долари во кариерата да им кажува на другите што да прават со парите, а потоа да одбие да настапува на Ју-Ес Опен, – изјавила Колинс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни