Поврзете се со нас

Олимписки игри

Американска гимнастичарка треба да го врати бронзениот медал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/usagym

Олимписките игри во Париз донесоа и неколку контроверзни моменти поврзани со распределбата на медалите, а еден од нив се случи и во натпреварувањето во гимнастика во женска конкуренција.

Американката Џордан Чајлс мора да го врати бронзениот медал кој и беше доделен за натпреварот на партер, затоа што Спортскиот арбитражен суд ја прифатил жалбата на романската делегација и го поништил коригираниот резултат на Чајлс.

Чајлс првично беше на петтото место, додека бронзата требаше да заврши кај Романката Ана Барбосу, но тренерот на Американката вложил жалба за одлуката на судиите и таа била прифатена, па подобрената оценка ја одведе Чајлс на третото место.

Романците се жалеа, работата стигна и до премиерката која се закани дека земјата ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на ОИ, за на крајот Судот во Лозана да ја прифати жалбата со објаснување дека Американците не вложиле жалба кај судиите во предвидениот рок од една минута.

Жалбата била вложена четири секунди подоцна, па поради тоа Чајлс сега мора да го врати медалот, додека Барбосу дополнително ќе си ја добие бронзата од ОИ во Париз.

Сега Американците, односно гимнастичарската федерација најави жалба за ваквата одлука на повисока инстанца, со објаснување дека Чајлс е два пати оштетена, прво од судиите, а потоа и од судот во Лозана кој не ги земал предвид сите случувања на натпреварот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни