Поврзете се со нас

Свет

Американска фудбалска легенда се рехабилитира од последиците од срцев удар

Објавено

на

Фото: https://x.com/TMeola1

Едно од најзвучните американски фудбалски имиња од 90-те години на минатиот век се рехабилитира од последиците од срцевиот удар кој го заработил непосредно пред својот 56. роденден.

Некогашниот голман на САД, Тони Меола, бил хоспитализиран во четвртокот, еден ден пред својот роденден, при што лекарите потврдиле дека имал срцев удар, кој за среќа не бил фатален.

Меола беше прв голман на Американците на светските првенства во 1990 и 1994 година, а беше дел од националниот тим и на мундијалот во 2002 година.

Има 101 настап за САД, а имаше успешна клупска кариера во неколку клубови од МЛС, каде мина 11 сезони во дресовите на Њујорк МетроСтарс, Канзас Сити Визардс и Њујорк Ред Булс.

На почетокот на кариерата, Меола кратко бил член на тогашните англиски второлигаши Брајтон и Вотфорд, но морал да се врати во САД бидејќи немал доволно настапи за да обезбеди работна дозвола за останување на британско тло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни