Американките во предност пред финалето: Белорусија без својот најголем адут!

azarenko 2016

Наредниот викенд на „Чижовка Арена“ во Минск, женската тениска репрезентација на Белорусија ќе ги пречека своите американски ривалки, но за жал љубителите на белиот спорт нема да уживаат во игрите на некогашната најдобра светска тенисерка, Викторија Азаренка.

Азаренка нема да може да го напушти САД, каде живее со својот син Лео, поради проблемите со нејзиниот поранешен партнер Били МекКиг. Двајцата се разделија набрзо по завршувањето на овогодинешното издание во Вимблдон и од тогаш водат правна битка кој да го добие старателството над 10-месечниот син.

– За жал, моменталната ситуација околу старателството ме приморува да останам во Калифорнија,- изјави Белорусинката. – За мене е тажно што нема да настапам за Белорусија во финалето. Моето срце секогаш ќе биде со мојата земја и мојот тим и ќе навивам за нив од далеку,- заврши таа.

Тешко дека ќе биде надокнадено нејзиното отсуство, но сепак главниот товар во белорускиот тим ќе го има 19-годишната Арина Сабаленка, која се наоѓа на 78. позиција на ВТА листата.

– Ова е голема штета, но немаме што да правиме сега,- изјави белорускиот капитен, Едуард Дубров.

Американките исто така ќе бидат ослабени, бидејќи во Минск нема да настапат сестрите Вилијамс, но затоа за да враќање на титулата во САД по дури 17 години ќе се борат Коко Вандевеге (10. на ВТА листа), Слоун Стивенс (13.), Шелби Роџерс (59.) и Алисон Риск (70.).

 

Facebook Коментари