Поврзете се со нас

Светски првенства

Американките ја продолжија доминацијата: Убедлива победа над Кина за светска титула

Објавено

на

Фото: fiba.basketball

Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави ја продолжи доминацијата на светската сцена, победувајќи ја Кина за ново злато од светските првенства.

Утринава, САД ја победи Кина со убедливи 81:63 во финалето на СП кое се одржуваше во Австралија, со што само ја збогати колекцијата на златни медали од големите натпреварувања.

Големиот фаворит без проблеми излезе на крај со азискиот ривал, откако уште на полувремето имаше десет поени предност, а сите дилеми ги реши во третиот период од мечот.

Вилсон со 19 и Плам со 17 поени биле најефикасни во победничката селекција, додека кај Кина, се истакнала Ли со 19 поени.

Во борбата за третото место, Австралија ја победи Канада со 95:65.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни