Поврзете се со нас

Олимписки игри

Американките ја оставија Србија без финале на кошаркарскиот и одбојкарскиот турнир

Објавено

на

Американските женски репрезентации беа кобни за селекциите на нашиот сосед Србија на одбојкарскиот и кошаркарскиот турнир во Токио.

Најпрвин одбојкарската селекција на САД ја победи Србија во полуфиналето со убедливи 3:0 и избори место во финалето, а подоцна истото се случи и на кошаркарскиот терен.

Американките ја добија одбојкарската средба со 25:19/25:15/25:23 и во финалето ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Јужна Кореја и Бразил.

Подоцна, на кошаркарскиот натпревар, САД славеше со 79:59, а епилогот беше најавен уште во првото полувреме, односно во третиот период во кој Србија имаше 25 поени негатива.

Американките ќе се борат за олимписко злато против подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Јапонија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни