Американката донесе одлука: Серена нема да ја брани титулата во Мелбурн (Фото)

serena

Еден од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс нема да ја брани титулата на првиот грен слем во оваа 2018 година „Австралија Опен“.

Искусната Американка која минатата седмица во Абу Даби го одигра својот прв меч по раѓањето на своето прво дете во месец септември донесе одлука да не игра во Мелбурн затоа што не е максимално подготвена за предизвикот и борбата со колешките.

-Мојот тренер и тимот секогаш ми велат „оди на турнири само кога си подготвена да одиш докрај. Можам да се натпреварувам – ама не сакам само да се натпреварувам, сакам да бидам многу подобра од тоа, а да го направам тоа потребно ми е уште време, -порача Серена која досега зад своето име има 23 грен слем титули.

Кога ќе се врати на терените, поточно на турнирите помладата од сестрите Вилијамс не соопшти иако медиумите шпекулираат дека тоа можа да биде во март на „Мајами Опен“.

Facebook Коментари