Американецот Питс ќе го разигрува Работнички (Видео)

damier-pitts

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ги засили своите редови со Американецот Дамиер Питс.

Се работи за плејмејкер кој има 30 години, висок 178 сантиметри и веќе доста време настапува во Европа. Тој има играно за клубови од Исланд, Турција, Италија, Летонија, Финска, Португалија и Унгарија каде за последен тим го имаше Шопрон.

Питс е второто засилување за центарци зимава, претходно во „Градски Парк“ пристигна Марјан Младеновиќ од Куманово.


Facebook Коментари