Американецот Медфорд ќе ја организира играта на МЗТ Скопје (Видео)

medford

Македонскиот кошаркарски прволигаш, МЗТ Скопје со забрзано темпо го гради тимот за наредната сезона кој ќе биде предводен од Ѓорѓи Кочов, па така откако беше потврдено останувањето на Дарко Соколов и Андреј Маслинко како и кам-бекот на центарот Љубомир Младеновски денеска беше објавено дека нов член на екипата ќе биде Лестер Медфорд.

Станува збор за продорен американски плејмејкер кој во претходната сезона беше дел од литванскиот прволигаш Невезис каде во шампионатот имаше учинок од 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции, а пак во ФИБА Еврокупот реализираше 16,5 поени, 2,5 скокови и 3,7 асистенции.

Ова се бројки кои укажуваат оти Медфорд е одличен играч, па затоа и очекувањата во МЗТ од него се големи, односно да одигра важна улога во битката за трофеите на домашната сцена и во АБА2-лигата.

Facebook Коментари