Поврзете се со нас

Македонија

Американецот Мартин се договори со Пелистер

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Пелистер повлече уште еден потег, ангажираше странско засилување и тоа во името на Џастин Мартин.

Се работи за Американец кој има 30 години и е висок 198 сантиметри што значи може да ги покрие позициите 3 и 4. Тој треба да биде уште една квалитетна опција за тренерот Марјан Илиевски кој исто пристигна во овој преоден рок заедно со Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Џалил Абдул Басит, Игор Кесар, Даниел Нацевски, а остана и Јетмир Зекири.

Инаку Мартин во својата досегашна кариера има настапувано во Германија, Мексико, Кипар, Израел, Чешка и Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни