Поврзете се со нас

Македонија

Американецот Џозеф е најново засилување за Куманово (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Куманово продолжува да влече конкретни потези на пазарот и да го гради составот за новата сезона, па така најнов член на македонскиот прволигаш е Кејлеб Џозеф.

Џозеф има 25 години, висок е 191 сантиметар и треба да биде играч кој ќе ги покрие позициите еден и два во таборот на кумановци. Тој во Европа има искуство со играњето во два клуба кои се од овие простори-тоа се Златорог Лашко и Хелиос Домжале од каде доаѓа во Куманово.

Претходно македонскиот тим ги доби и потписите на Ненад Зивчевиќ, Андреј Настовски, Ѓукан Ѓукановиќ и Ѓорѓе Каплановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни