Поврзете се со нас

Македонија

Американецот Ајви е ново засилување за Академија ФМП

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Академија ФМП не ја започна најдобро новата сезона и во првите два натпревари претрпе порази од Феникс 2010 и Пелистер.

Овие резултати го натераа клубот од Кисела Вода да се активира, односно да ги размрда своите редови, па така беше ангажиран Бре Ајви. Се работи за американски интернационалец кој може да ги покрие позициите еден и два, а во таборот на Академија ФМП доаѓа од универзитетот Сан Хозе Стејт каде просечно бележеше по 8,8 поени, 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар.

Ајви ќе им се приклучи на „академците“ во наредните денови и се очекува да му биде на располагање на тренерот Петровиќ за натпреварот против Кожув во Гевгелија, меч закажан за 16 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни