Свет
Американците загубија, селекторот лут на еден фудбалер: Тоа беше голема глупост (Видео)

Американската фудбалска репрезентација водеше против Тринидад и Тобаго, но на крајот мораше да се соочи со непријатен пораз од 1:2 на домашен терен.
Американците обезбедија пласман на Копа Америка, но сепак не очекуваа негативен резултат на натпреварот на кој беа големи фаворити.
Како директен виновник за ваквиот епилог, фановите, но и селекторот Грег Берхалтер го посочија Серџино Дест, кој заработи непотребен црвен картон уште во првиот дел.
Дест доби жолт картон поради шутирање на топката кон трибините, а потоа уште еден поради протестите кон судијата, па ги остави соиграчите на цедило.
– Потегот е загрижувачки затоа што тоа не е начинот на кој сакаме да се претставуваме. Горди сме на начинот на кој се соочуваме со тешките моменти и различни судиски одлуки на теренот, а однесувањето на Дест сигурно не беше во тој стил. Тој е млад фудбалер, направи глупава грешка и свесен е за тоа, по натпреварот им се извини на соиграчите, – рекол американскиот селектор.
Дест доби црвен картон и на дуелот со Мексико пред неколку месеци, па стана прв американски репрезентативец кој добил два црвени картони во една календарска година уште од 1990 година.
Американците излегоа како победници против Тринидад и Тобаго поради убедливата победа на првиот натпревар, па ќе бидат меѓу 16 учесници на Копа Америка, која следната година ќе се одигра со 16 селекции (1о од Јужна Америка и 6 од Северна и Средна Америка) токму во САД.
For the second time in 2023, Sergiño Dest records an assist and a 🟥 red card in the same game. #USMNT 🇺🇸
— 90min_US (@90min_us) November 21, 2023
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 24 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат