Поврзете се со нас

Македонија

Американците вечно ќе го паметат „Градски парк“: Во салата смрди како да….. (Видео)

Објавено

на

Работнички пред две години го пречека младинскиот тим на Соединетите Американски Држави во Скопје, но сега во ситуација кога тренерот Лавар Бол емитува епизоди од свое лично кошаркарско шоу, не ја испушти епизодата која ја доживеале тој и неговите играчи во Македонија.

За жал, кошаркарската слика која е прикажана за нашата земја е навистина лоша, бидејќи инсертите кои пристигнуваат од безвременскиот „Градски парк“ се предмет за потсмев во Америка.

На споменатиот пријателски меч, Работнички оставри минимална победа, но поразот е најблагата „казна“ која ја добиле ѕвездите кои од најмали нозе се научени на перфектни услови во САД.

Во замена за тоа, во Скопје добија „иновативно“ загревање на салата пред мечот, како и „извонредни“ услови во соблекувалната во „храмот на кошарката“ како што често знаеме да ја нарекуваме старата сала во Градскиот парк во македонската престолнина.

– Прво нешто што може да се забележи кога ќе влезете е миризбата, смрди како некој да умрел во неа…., – гласи еден од најбруталните описи на Американците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни