Поврзете се со нас

НБА

Американците прават ѕвезден тим за ОИ во Токио

Објавено

на

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ќе биде прв фаворит за златото на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио, а главната причина за тоа е составот со кој овој тим ќе излезе во Јапонија.

Медиумите во САД веќе почнаа да споделуваат информации за тоа кои играчи се спреми на настапат и се достапни за националниот тим, па така откако „ДА“ кажаа Кевин Дурент, Демијан Лилард, Девин Букер, Бредли Бил, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин најновите вести говорат дека посветени на репрезентацијата ќе бидат Џејмс Харден и Бем Адебајо.

Харден се мачеше со повреда во полуфиналето на Истокот против Милвоки Бакс, ама верува дека сите проблеми ќе ги надмине и ќе биде максимално подготвен за Токио. Од друга страна пак Адебајо важи за еден од најквалитентите центри во лигата и сигурно ќе има што да каже во составот предводен од легендарниот Грег Попович.

Од оние позначајни имиња кои одлучиле да не играат за САД се Леброн Џејмс, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Џими Батлер и Донован Мичел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни