Американците кои ,,избегаа” од КК Шкупи: Само сакавме да играме кошарка,но…(Видео)

Tajron Haris 1

Американецот Тајсон Харис заедно со Јосеф Тајлор си заминаа од КК Шкупи и отидоа на проба во тузланска Слобода пишува босански ,,БХБАСКЕТ”.

По објавувањето на веста за нивниот трансфер во босанскиот клуб, преку социјалните мрежи се огласи и раководството на Шкупи, обвинувајќи ги Харис и Тејлор за непрофесионален и нефер однос спрема клубот.

Тајсон Харис во разговор за ,,БХБаскет” вели дека ништо од тоа што го вика клубот не е точно и дека на 25 декември 2017 година му било соопштено да си замине од клубот.

– Не се точни тие информации. Јас донесов одлука да завршам со нив. Сакам да играм кошарка. Немаат причина да се однесуваат така кон мене. Играв за тој клуб три месеци без здравствено осигурување, а во договорот е наведено дека морам да имам здравствено осигурување. Три месеци бев без адекватни кревети и спална соба – вели Тај Харис.

Наводно, тој бил повикан да се врати во Македонија за да го одигра и последниот натпревар за Шкупи против Пелистер на 13 јануари и после тоа ќе може да се оди со регулирани документи од клубот, за да може да потпише за Слобода.

-Постојано ми се јавуваат лица во име на тренерот, во име на сопственикот на клубот. Енвер не е добар човек. Јас сакам само да играм на кошарка – изјави Тајсон Харис.

 

 

Facebook Коментари