НБА
Американците ги открија зборовите на фановите кои го разбеснија Леброн (Видео)

Леброн Џејмс ја реши Индијана со извонредно издание на паркетот, но се најде во прв план и поради реакцијата која ја имаше во дополнителните пет минути игра, кога од судиите побара да исклучи еден двоец од трибините.
Еден американски пар кој беше во близина на паркетот успеа да го разбесни Леброн до тој степен, што „кралот Џејмс“ побара нивно исфрлање од салата, што многу брзо и се случи.
За ваквата постапка, Леброн доби и доста негативни коментари и многумина порачаа дека не би издржал ниту неколку меча во европската кошарка каде често има и доста потензични ситуации со фановите, но американските медиуми сега ги открија зборовите со кои дечкото и девојката успеале да го излудат Џејмс.
Други навивачи на Индијана како сведоци на настанот откриваат дека девојката ја преминала линија кога посакала смрт на синот на Леброн Џејмс (Брони) во сообраќајна несреќа, по што Џејмс решил дека е крајно време да реагира откако ги толерирал цел меч.
– Има разлика меѓу бодрење на својот тим за кој верно навивате и тоа кога се минува црвената линија. Кога лоши гестикулации и срамен јазик ќе стапат на сцена, нема простор за толеранција, – порача Леброн.
LeBron on hecklers: "I mean nothing is uncomfortable for me…Then there's moments where it goes outside the line with obscene gestures & words that shouldn't be tolerated in our game. I would never say it to a fan & a fan should never say it to a player." pic.twitter.com/dQQ5zQRnJ9
— Ballislife.com (@Ballislife) November 25, 2021
-
Шпанијапред 24 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)