Поврзете се со нас

НБА

Американците добија добри вести пред премиерниот настап на ОИ во Токио

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави е прв фаворот за медалот на Летните Олимписки Игри во Токио, но тоа ќе треба да го потврдат на теренот особено по турбулетниот подготвителен период.

Имено Американците победија на два од четирите мечеви, но тоа не е само затоа што Кевин Лав се откажа за време на подготовките, Бредли Бил исто така мораше да биде „избришан“, а во КОВИД протоколи беа Џереми Грент и Зек Лавин.

За првиот се знаеше дека ќе биде спремен за Токио, но Лавин подоцна влезе во истиот и беше под знак прашалник кога ќе може да се приклучи на тимот.

Сепак најновите вести се дека проблемите се надминати, здравствено е чист и ќе може да им се прилучи на колегите кои веќе се во Јапонија.

Зек инаку ги одигра сите контролни средби и беше трет стрелец во националниот тим зад Дурент и Лилард со просек од 10,8 поени и 2,5 скокови.

Инаку во Токио ќе заминат и Крис Мидлтон, Девин Букер и Џру Холидеј што значи дека селекторот Грег Попович најверојатно ќе може да смета на сите свои адути веќе за првата средба против Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни