Поврзете се со нас

Свет

Американците беа потопени на Копа Америка, па го сменија селекторот

Објавено

на

foto: x.com/USMNT

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави не се прослави на Копа Америка, натпреварување кое го заврши уште по групната фаза.

Во конкуренција на Уругвај, Панама и Боливија, Американците освоија само три бода доволно за трето место во групата, резултат кој го запали „црвено светло“, па отказ заработи селекторот Грег Берхалтер.

САД за прв пат беа елиминирани од турнир во раната фаза на кој биле домаќините (СП, Копа Америка, Голд Куп) што придонесе федерацијата да донесе одлука за разделба со Берхалтер кој вкупно го водеше националниот тим на 74 натпревари на кои оствари 44 победи со што е трет на вечната листа зад Брус Арена (88) и Јирген Клинсман (55).

„Гол“ веќе излезе со потенцијали листа на наследници, листа на која се големи имиња како Тјери Анри, Патрик Виера, Јирген Клоп, Марсело Галјардо…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни