Поврзете се со нас

НБА

Америка завиена во црно: Почина легендарниот Бил Расел (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RealBillRussell

Американската спортска јавност со голема жал ја пренесува вест за огромната загуба во кошарката и воопшто во спортот, бидејќи денеска на 88-годишна возраст починал легендарниот Бил Расел.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња кој се прослави во дресот на Бостон дури 11 пати во кариерата беше НБА шампион, пет пати бил прогласуван за најдобар играч во лигата, а дури 12 пати бил дел од Ол стар натпреварите.

Неповторливиот кошаркар кој беше еден од темелите на шампионската династија на Бостон денеска починал во својот дом опкружен од своите најблиски, а веста беше пренесена и преку неговиот Твитер профил.

– Најплодниот шампион во американскиот спорт, Бил Расел, почина денеска мирно на 88-годишна возраст, а крај него беше неговата сопруга Жанин, – гласи првиот дел од соопштението на семејството, во кое се додава дека дополнително ќе бидат објавени информации за негова комеморација и погребот.

Расел освои 11 титули во НБА лигата за само 13 години во кои активно играше кошарка, па поради сите огромни достигнувања, од 2009-та година наградата за МВП во финалето на НБА лигата го носи неговото име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни