Поврзете се со нас

Италија

Амброзини верува во Скудетото после десет години: Овој Милан има две предности!

Објавено

на

Масимо Амброзини речиси цела своја играчка кариера му ја посвети на Милан и мина 18 години на „Сан Сиро“, стадион кој оваа сезона одново ја слушна химината во Лигата на шампионите по пауза од седум сезони.

„Росонерите“ не почнаа идеално во најелитното натпреварување во кое обично до израз доаѓа искуството, но двата порази од Ливерпул и Атлетико Мадрид не ги разочаруваат фановите и легендните на клубот, бидејќи тимот на Стефано Пиоли прикажува извонредни изданија во Серија А.

Џанпјеро Гасперини истакна дека е воодушевен од Милан откако неговата Аталанта загуби со 2:3 на дерби пресметката во Бергамо, а дури и самите играчи веруваат дека оваа сезона тимот може да се бори за титулата во Серија А.

Истото важи и за Амброзини, играч кој четирипати го освои Скудетото како играч, вклучувајќи го и последното прокнижено во 2011-та година.

– Овој Милан на Пиоли дефинитивно е подготвен да ја освои титулата во Серија А после десет години. Овој Милан има две силни страни и предности. Познавање на своите квалитети и разновидноста во решенијата. Техниката и тактиката се на извонредно ниво, тренерот може да предложи нешто ново на секој натпревар. „Росонерите“ се покомплетни од другите тимови во Италија во овој момент, – потенцира Амброзини кој покрај четирите титули во Серија А, на двапати се радуваше и на трофејот во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни