Поврзете се со нас

Англија

Амбициозниот Постекоглу: Тотенхем е во трката за титулата во ПЛ

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем остана без Хари Кејн во летниот преоден рок и многумина очекуваа тежок период за премиерлигашот, но „петлите“ играат одличен фудбал во оваа сезона и покрај многу проблеми со повреди се при самиот врв со 39 освоени бода.

Клубот од Лондон овој викенд му гостува на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а пред овој меч менаџерот Анге Постекоглу даде занимлива изјава во која амбициозно порака дека неговата екипа е во трката за титулата во Премиер лигата.

Тотенхем нема лигашки пехар од 1961 година, меѓутоа Анге не е загрижен поради тоа.

-Според таа дефиниција, ако речам „не“, ќе се свртиш и ќе кажеш „Ајде, Анге“, бидејќи по дефиниција ние сме [во трката за титулата], нели? Така да, ние сме“. Го велам тоа постојано, додека сте на точка каде што не е невозможно, зошто би ја отфрлиле таа можност, -истакна стратегот.

-Минавме низ навистина тежок период, но останавме таму. Имавме четири натпревари на кои резултатите беа против нас, но успеавме да се вратиме. Имавме мало назадување, сè уште сме таму. Мислам дека нашите настапи во најголем дел беа прилично конзистентни, но се ќе биде бесмислено освен ако не ја завршиме сезоната посилно од првиот дел и тоа е она што треба да го направиме, -додаде Постекоглу кој најави дека Тотенхем може да донесе уште некое засилување до крајот на преодниот рок.

Досега нови членови на премиерлигашот станаа дефанзивецот Раду Драгушин и напаѓачот Тимо Вернер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни