Поврзете се со нас

Италија

Амбициозниот Комо ќе се засили со по еден фудбалер од Барселона и Реал Мадрид

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Como_1907

Комо ја отвори сезоната во Серија А со пораз од Јувентус, а тренерот Сеск Фабрегас во искрена изјава потенцирал дека неговиот тим се уште не е подготвен да им парира на најквалитетните италијански тимови.

Фабре веќе донесе неколку важни и искусни фудбалери во својот тим, но му недостасува дополнителен квалитет за посакуваното обезбедување опстанок во првата сезона во која го води Комо во елитата.

Неговата амбициозност ќе биде потврдена со следниот чекор, а тоа е ангажирање по еден фудбалер од Барселона и Реал Мадрид.

За денеска е најавено официјализирањето на трансферот на Серхи Роберто, кој не доби понуда за продолжување на соработката од Барселона и ќе пристигне како слободен агент и големо засилување во дефанзивниот дел на Комо.

Од Мадрид пак е очекувано пристигнувањето на талентираниот Нико Паз, кој ќе стане член на Комо под многу поспецифични услови.

Италијанскиот клуб ќе плати само 6 милиони евра, но Реал ќе има право на 50 проценти од следниот трансфер, како и клаузула со која може да го врати Паз во своите редови.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни