Аматерски потег на искусен голман: Пјатов направи пенал кој не се гледа во ЛШ (Видео)

pjatov

Екипата на Шахтјор Доњецк важеше за благ фаворит во пресметката со Динамо Загреб, но на крајот мораше да се задоволи само со еден бод (2-2).

Еден од главните виновници за тоа дефинитивно е голманот Андриј Пјатов кој во второто полувреме направи пенал кој не е за ова ниво на натпревар, па ниту на аматерско ниво. Имено тој со боречки зафат го спушти на тревата Гаврановиќ по што беше досуден удар од 11 метри кој го реализираше Орсиќ за водство од 2-1.


Домашните до крајот успеаја да погодат преку Додо и на тој начин да останат непоразени.

Facebook Коментари