Поврзете се со нас

Европски првенства

Аматерската грешка на Дубравка ја испрати Словачка дома, Шпанија им испука петарда во мрежата (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија го покажа сиот свој квалитет во моментите кога тоа беше најпотребно и славеше убедлива победа од 5:0 против селекцијата на Словачка.

Со оваа победа „фуријата“ го потврди пласманот во осминафиналето каде ќе оди како второпласирана селекција по победата на Шведска над Полска со 3:2. И Полјаците по овој пораз ги пакуваат куферите и се враќаат дома.

На натпреварот одигран во Севилја, трагичар е Мартин Дубравка кој си го постигна еден од најсмешните автоголови во историјата на големите натпреварувања. Токму овој гол беше првиот од петте кои ги постигна Шпанија преку Лапорт, Сарабија, Трес и Јурај Куцка кој како и својот колега од на гол линијата си ја затресе својата мрежа.

Шпанија во осминафиналето во Копенхаген ќе се сретне со селекцијата на Хрватска,  додека Шведска ќе игра со Чешка во осминафиналниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни