Поврзете се со нас

Италија

Аматерска грешка на Рома каква не се гледа ни на нашите терени, „волчицата“ настапи со нерегистриран фудбалер, и се заканува…

Објавено

на

На тимот на Рома му се заканува одземање на бодот кој го освоија на тешкото гостување кај Верона каде одиграа реми без голови.

На овој натпревар настапи и Амаду Диавара кој за оваа средба беше регистриран во играчите кои се под 22 години.

Проблемот е што Диавара на 17 јули наполнил 23 години и веќе не можел да биде во листата на млади играчи на кои се смета за натпреварот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека по оваа аматерска грешка на Рома и се заканува службено губење на натпреварот против Верона од 3:0 и одземање на бодот кој го освоија на „Бентегоди“.

По ваквиот аматерски потег оставка од клубот си поднесе генералниот секретар, Панталео Лонго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни