Поврзете се со нас

Англија

Амад испрати порака до фановите на Јунајтед по разочарувачката вест (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Угледните англиски таблоиди пренесоа дека Амад Диало ќе паузира најмалку два месеци поради повреда на скочниот зглоб, но сериозноста на повредата е од тој степен, што се стравува дека може да биде во аут и до крајот на сезоната.

Временската рамка од два до три месеци прави најдобриот играч на Јунајтед да биде надвор од ротацијата на Рубен Аморим, кој по тешката повреда на Лисандро Мартинез, сега доби уште една ужасна вест.

Во ситуација кога Амад беше најдобар поединец во неговиот тим во оваа фаза од сезоната, непријатната повреда е навистина жесток удар за португалскиот стручњак, па останува да видиме како тимот ќе успее да се справи без него во периодот кој следи.

Манчестер Јунајтед како клуб остана мистериозен и не објави вест за повреда на Амад, но сепак самиот играч ги потврди вестите на новинарите.

– Екстремно сум разочаран што ја пишувам оваа порака во круцијален дел од сезоната. За жал, ќе бидам во аут подолго време поради повреда.

– Ќе се вратам посилен од било кога!! Време е да ги поддржуваме момците отстрана, се уште има многу за игра, – порача Диало.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни