Поврзете се со нас

Франција

Алжирската ѕвезда на Рен постигна гол за паметење против ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/staderennais

ПСЖ успеа да ремизира против Рен во самата завршница од судиското продолжение и се избори за бод со голот од пенал на Португалецот Рамос, погодок со кој беше неутрализирано ремек-делото кое го режираше Гујри во првиот дел.

Алжирската ѕвезда на Рен е еден од најдобрите играчи на овој тим од стартот на сезоната, а со својот четврти гол само покажа за каков фудбалер станува збор.

Офанзивниот фудбалер ја прифати топката на 30-тина метри од голот на ПСЖ, мајсторски се ослободи од своите чувари и потоа со надворешна успеа да го матира голманот Донарума.

Напаѓачот со „тривела“ мајсторијата секако го привлече вниманието на целата француска спортска јавност, бидејќи ова беше гол на колото, а многу веројатно и кандидат за гол на сезоната.

За негова несреќа, мајсторијата не беше доволна за големи три бода, но и покрај тоа Рен останува високо да котира на табелата и се уште е во борба за топ четири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни