Поврзете се со нас

Свет

Алвеш ги избра најдобрите три модерни бекови: Има еден Дани, многу е силен!

Објавено

на

Ветерано Дани Алвеш доби место во бразилската репрезентација и за овој мундијал кој „кариоките“ ќе го отворат токму вечерва против Србија.

Бразилците имаат високи амбиции, цели и сакаат да ја вратат титулата на нивно тло по пауза од 20 години.

-Бразил е секогаш фаворит, поради традицијата и историјата. Работи кои се бројат на овие турнири. Страдавме во последниве години, но сега изградивме тим со многу дебела кожа, кога се во прашање човечките квалитети на луѓето, ова е најдобрата соблекувална на Бразил по долго време, -вели Алвеш за „Газета Дело Спорт“.

Тој воедно имаше можност да ги избере најдобрите бекови на светот, бекови кои се по негов вкус.

-Јас сум фан на Кансело, потоа на Рис Џејмс од Челси и Александер Арнолд, некој кој да се вратиме на темата за карактеристиките на сите, со додавање од 50 метри прескокнува две линии на притисок. Потоа тука е Дани Алвеш, многу е силен, -порача во свој стил легендата на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни