Поврзете се со нас

Свет

Алвес за конфликтот на доделувањето за „Златната топка“: Се закачив со Роналдо…

Објавено

на

Дани Алвес наредната година ќе го прослави 40. роденден, но без разлика на тоа се уште нема најава дека тој ќе замине во пензија и ќе ги закачи копачките на клин.

Тој во мометов е дел од УНАМ Пумас од Мексико каде се надева дека со добри настапи ќе го убеди селекторот Тите да му даде шанса, односно го стави на списокот на „кариоките“ за престојното Светско првенство во Катар.

Во меѓувреме Дани има простор и време да се потсети на некои моменти, ситуации од досегашната кариера, па во подкастот со соиграчот Ефриан Валверде откри дека се закачил и имал кавга со Кристијано Роналдо на една церемонија при доделување на „Златната топка“.

-Поради ривалството дојде време кога јас отидов да го поздравам, а тој не сакаше. Имаше контроверзен момент кој никогаш не излезе, но во соблекувалната на церемонијата на доделувањето на Златната топка имавме препирка, се поздравив со сите, а тој не ме поздрави поради она што надвор го генерираше ривалството Барселона-Реал Мадрид. Но, како да не почитувам тип кој постигнал сè врз основа на напорна работа и вложување на срцето и душата во тоа, -рече Алвес кој воедно смета дека Лионел Меси е друга катагорија во однос на Португалецот.

-Тој е роден со талент да игра фудбал и да биде во друг свет до кој само тој може да стигне, -порача човекот кој е меѓу најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни