Поврзете се со нас

Шпанија

Алваро е лидер на теренот, но и во кујната: Шпанскиот капитен подготви ручек за сите соиграчи од репрезентацијата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Алваро Мората е новиот шпански капитен и со голема гордост ја извршуваа оваа задача која му ја додели Де Ла Фуенте, но напаѓачот на Атлетико Мадрид за време на ова Европско првенство се истакнува и со други квалитети.

Шпанската Федерација ни ги откри кулинарските екапацитети на ударниот напаѓач на репрезентацијата, кој решил да направи едно мало изненадување за своите соиграчи.

Мората е познат како голем љубител на италијанската храна, па затоа одлучил да направи еден богат оброк со паста карбонара.

На видеото добро се гледа дека Алваро навистина добро се снаоѓа во кујната и дека со големо задоволство го подготвува ручекот за соиграчите, кои подоцна уживале во приготвеното од својот капитен.

Богатата карбонара често знае да се најде на менито на професионалните фудбалери, бидејеќи станува збор за јадење кое содржи многу калории.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни