Поврзете се со нас

Шпанија

Алварез: Во Атлетико добивам една важна работа

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Хулијан Алварез самиот побара да направи трансфер од Манчестер Сити и да стави крај на својата етапа во Англија, откако очигледно му стана јасно дека повторно ќе биде во втор план и во сенка на Ерлинг Халанд.

Аргентинскиот репрезентативец имаше динамично лето во кое играше и на Копа Америка и на Олимписките игри, а набрзо по турнирот во Париз, беше потврдено дека се претвора во најскапо летно засилување оваа сезона.

Атлетико Мадрид издвои 90 милиони евра за аргентинскиот напаѓач и направи Сити да ја реализира најскапата продажба во својата клупска историја, па поради висината на трансферот, популарниот „Пајак“ пристигнува како огромна ѕвезда на „Метрополитано“.

Очекувањата во Мадрид ќе бидат многу големи и таквиот притисок ќе го чувствува од медиумите во секој момент, но тој верува дека во Атлетико добива нешто што во Сити не му беше загарантирано.

– Почувствував потреба да направам промена во мојата кариера, ми беше потребен нов предизвик, потребно ми беше да свртам нов лист. Атлетико е клуб кој ми дава простор да бидам најдобрата верзија од себе. Тоа е важна работа и се надевам дека ќе вратам со добри изданија на теренот.

– Сакам да им се заблагодарам на сите за топлиот пречек, од првиот момент ја чувствувам љубовата од соиграчите, навивачите и сите во клубот. Си поставив неколку цели. Да ја пронајдам најдобрата верзија од себе, да напредувам како личност и да му помогнам на тимот да победува. Не ми е важно на која позиција ќе играм, сакам само да му помогнам на тимот да победува. Едвај го чекам првиот меч на „Метрополитано“, – изјави Алварез.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни