Поврзете се со нас

Репрезентација

Алварез сака да освои се – ќе игра и на Олимписките игри

Објавено

на

Аргентинскиот олимписки фудбалски селектор Хавиер Маскерано ги повика Хулијан Алаврес и Николас Отаменди во тимот за Игрите во Париз, и покрај нивното учество во тековната Копа Америка.

Алварез е првиот стрелец на Аргентина на Копа Америка, а со евентуален златен медал на Олимпијадата би ја комплетирал својата шампионска колекција која вклучува трофеи од Копа Либертадорес, Копа Америка, Светско првенство, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство…

А фудбалерот на Манчестер Сити има само 24 години!

На Олимписките игри можат да учествуваат само фудбалери до 23 години, но на селекторите им е дозволено да повикаат тројца постари играчи.

Капитенот на актуелните светски шампиони, Лионел Меси, претходно ја отфрли можноста за настап на Олимписките игри, а 37-годишникот како причина го наведе „заморот“.

Машкиот фудбалски турнир на Олимписките игри започнува на 24 јули, само 10 дена по финалето на Копа Америка.Аргентина е во група со Мароко, Ирак и Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни