Поврзете се со нас

Боречки спортови

Алварез покажа бокс класа во Тексас и му го нанесе првиот пораз на Британецот Смит (Видео)

Објавено

на

Мексиканецот Канело Алварез стана шампион во уште една бокс дивизија, откако рано утрово стана шампион и во супер средна категорија, освојувајќи ги ВБЦ и ВБА појасите во борбата која се одржа во Тексас.

Канело го прикажа сиот свој квалитет и му одржа бокс лекција на една глава повисокиот Калум Смит, досега непоразениот Британец кој едноставно немаше никаква шанса против агресивниот Мексиканец кој доминираше во рингот од почетокот до самиот крај.

Британскиот боксер го претрпе првиот пораз во кариерата откако тројцата судии едногласно му ја доделија победата на Алварез, кој со ова обедини шампионски појаси во четири дивизии, бидејќи претходно беше шампион и вo супер полутешка, средна и лесно-тешка категорија.

Триесетгодишниот Канело ја покажа својата класа и доминација и во ситуација кога направи нов скок во една бокс категорија, па дури и во ситуација кога немаше професионална борба цели 13 месеци.

– Направив навистина фантастична работа после 13 месеци надвор од рингот. Смит е одличен боксер, но јас завршив перфектна работа и одработив меч без грешка. Навистина сум многу среќен, но нема да застанам тука. Сакам да ги освојам сите појаси во оваа категорија, – порача Мексиканецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни