Поврзете се со нас

Англија

Алварез откри каква порака добил од Пеп на заминување: Побара едно нешто од мене

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

После две фантастични сезони во Манчестер Сити во кои освои се што може да се освои во фудбалот, на Хулијан Алварез му здодеа да биде стандардна резерва на Ерлинг Халанд, па јавно побара да направи трансфер и да се пресели во тим кадешто ќе биде стартер.

Ваквите желби на фудбалерите обично секогаш ги исполнува Пеп Гвардиола, па така беше и овојпат со Аргентинецот на кого му беше отворена вратата за трансфер во клубот кој го посакува.

„Пајакот“ заврши во Атлетико Мадрид во рекордна продажба од редовите на Манчестер Сити, а иако одредени медиуми пренесоа дека си заминал со нарушен однос со англискиот шампион, Алварез сега демантира било какви такви гласини.

Аргентинецот открива дека имал искрен и конструктивен разговор со Пеп Гвардиола, од кого добил и едно барање на заминување.

– Немав можност да одам во Манчестер, но во деновите кога требаше да потпиша, разговарав со Пеп Гвардиола и му се заблагодарив за двете неверојатни години. Му се заблагодарив за довербата која ја имаше во мене, за тоа што го научив од него и за се што доживеав во Сити.

– Не си заминав на лош начин, се беше во најдобар ред. Пеп исто така ми се заблагодари, тоа беа навистина две неверојатни години. Никогаш не направив никаков проблем и му помогнав на клубот да стигне до убави нешта. За крај, побара од мене да се вратам во Манчестер и да се поздравам со сите во клубот, секако и со фановите. Кога ќе имам прва можност, ќе го направам тоа, – открива Алварез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни