Лига на шампиони
Алварез излезе со скромна изјава по ремек-делото на „Бернабеу“: Следат 90 минути пред нашите навивачи

Хулијан Алварез почна да ги оправдува сите средства кои ги исплати Атлетико Мадрид за неговиот трансфер изминатово лето, бидјеќи аргентинскиот голгетер од натпревар во натпревар покажува за каква класа напаѓач станува збор.
Во моменти кога игра во страшна форма, многумина се прашуваат како Пеп Гвардиола дозволи трансфер на аргентинскиот репрезентативец, а додека таа тема отвора доста дебати во Манчестер, вчера во Мадрид видовме уште една магија од Алварез.
„Пајакот“ постигна неверојатен гол за 1:1 во мрежата на Реал и не му даде никаква шанса на Тибо Куртоа, но голот кој за многумина може да биде и погодок на сезоната, сепак не предизвика некои посебни емоции кај скромниот Алварез.
– Реал Мадрид постигна два погодоци во вистинско време. Најпрво брзо примивме гол, потоа пристигна израмнувањето и имавме контрола на натпреварот. Сепак, Реал е Реал, има големи играчи во својот тим и успеаја да постигнат втор гол.
– Мојот гол беше убав, дојде во добро време за израмнување, но имавме уште неколку шанси кои не ги искористивме. Сега следи натпревар против Хетафе во Ла Лига, а потоа следат 90 минути против Реал пред нашите навивачи, – изјави Алварез.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Репрезентација16 часа
Драма во судиското продолжение во Скопје: Миовски го искористи подарокот од Ален, Брукс го спаси Велс од пораз во 96.минута (ВИДЕО)