Поврзете се со нас

Англија

Алварес за неговата иднина во Сити: Многу работи се кажуваат…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Хулијан Алварес во последно време го поврзуваат со заминување од премиерлигашот Манчестер Сити за кого настапува од 2022 година кога пристигна од Ривер Плата.

Напаѓачот во моментов е фокусиран на настапот со Аргентина на Копа Америка, но во исто време има вести околу неговата иднина, се поврзува со преселба во Челси што е само продолжение на некоо претходни вести кои говореа за негов потенцијален трансфер во Шпанија во редовите на Атлетико Мадрид и Барселона.

Тој има договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2028 година, па засега не размислува за нов предизвик.

-Тоа се работи кои се кажуваат, но јас сум мирен, удобно ми е сум среќен во Сити. Ќе видиме што ќе се случи, -порача напаѓачот на актуелниот англиски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни