Поврзете се со нас

СЕХА лига

Алушовски: Се обидовме да ги изненадиме, знаевме…

Објавено

на

Составот на Вардар не успеа да дојде до уште еден пехар во СЕХА лигата или поточно во финалето на ова натпреварување загуби од Веспрем со 35:27.

Унгарците и пред почетокот на средбата во Задар важеа за фаворити, а тоа го потврдија и на теренот каде имаа постојано водство против „црвено-црните“  од самиот почеток, па се до крајот. Тренерот Стевче Алушовски спортски го призна поразот од противникот кого ништо не го изненади, па дури и играта на вардарци седум на шест.

-Се обидовме со акции 7 на 6 за да ги изненадиме. Бевме свесни колку е опасна нивната транзиција и колку се брзи кога ќе успеат успешно да се одбранат. Заслужена победа за нив на крајот, тие очигледно имаат подобар тим, поголем ростер и поквалитетни поединци во моментот, -истакна Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни