Македонија
Алушовски промовиран во нов тренер на Охрид: Ова е амбициозен проект, целта е…

Македонскиот прволигаш ГРК Охрид е многу активен во последниве денови, па откако беа ангажирани Теимураз Орјоникидзе, Берин Бркиќ, Никола Стоилевски, Милорад Кукоски, Даниел Ѓорѓески и Гоце Ојлески, клубот ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Стевче Алушовски.
Македонската ракометна легенда во претходниве години работеше во Исланд во редовите на Тор Акурејри, односно по две години се враќа на домашната сцена каде претходно ги водеше Пелистер/Работник и Вардар.
-Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонакиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид г-дин. Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт, -порача новиот предводник на „гладијаторите“.
Инаку Алушовски доаѓа на местото на Горан Андоновски.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава