Поврзете се со нас

Македонија

Алушовски по триумфот на Вардар: Жалам што не победивме со поголема разлика

Објавено

на

Вардар оствари многу важна победа над Еурофарм Пелистер во обидот да стигне до нова шампионска титула, а тренерот Стевче Алушовски изрази задоволство од играта и убедливиот триумф над големиот ривал.

– Одигравме извонреден натпревар, пред се во одбрана.

– Крајниот резултат не е реален показател за она што се случуваше на теренот и жалам што не победивме со поголема разлика.

– Им честитам на моите ракометари за дисциплинираноста и залагањето, испочитуваа се што договоривме за играта во одбрана пред натпреварот, – изјави Алушовски по победата со резултат 35:27.

Во рамките на плејофот, денеска Металург славеше над вториот тим на Еурофарм Пелистер (36:23), додека Тинекс Пролет загуби на домашен терен од Охрид (26:28).

Вардар е единствената екипа со перфектен учинок по три рунди во плејофот, а по две победи имаат Еурофарм Пелистер, Тинекс Пролет и Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни