Поврзете се со нас

СЕХА лига

Алушовски: Ова е потсетник до сите оние кои го отпишуваат Вардар

Објавено

на

blank

Вардар ја оствари третата победа во СЕХА лигата, прва по двата непријатни порази во серија во регионалното натпреварување кои направија да има нервоза во таборот на Стевче Алушовски.

Иако имаше проблеми со неколку играчи, Алушовски оваа вечер успеа да го извади максимумот од ракометарите кои ги имаше на располагање, па токму поради тоа беше посебно горд и задоволен по победата од 32:27 над Мотор Запорожје, по која Вардар се израмни со девет бода и направи круг од три тима со идентични поени.

Македонскиот првак му се реваншираше на Мотор за поразот на гостински терен, а Алушовски потенцираше дека ова издание на Вардар е потсетник до сите оние кои почнаа да го отпишуваат овој тим уште пред натпреварите.

– Успеавме да победиме навистина силен противник и сакам да им честитам на моите играчи за напорот и за добро завршената работа. Одигравме онака како што се договоривме пред натпреварот, па и покрај сите потешкотии во подготовките, успеавме да одиграме солидно.

– Нападот функционираше одлично, уште еднаш докажавме дека сме добар тим, ги потсетивме сите што значи Вардар. Целта е да продолжиме со прогресот, да ја поправиме формата пред она што следи за нас како тим, – изјави Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни