Поврзете се со нас

СЕХА лига

Алушовски: Ова е неприфатливо, направивме многу…

Објавено

на

Екипата на Вардар се избори за пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата, но „црвено-црните“ покажаа многу слабости на дуелот со Нексе во СЦ „Јане Сандански“ и малку фалеше да претрпат пораз со поголема разлика, пораз кој ќе ги исфрлеше од ова натпреварувања.

Вардар се провлече против Нексе и ќе игра на завршниот турнир во СЕХА лигата

Сосема очекувано тренерот Стевче Алушовски имаше што да каже за ова издание на неговите избраници, издание кое ќе треба што побрзо да се заборави затоа што повеќе од јасно е дека е потребно многу повеќе за да клубот ги оствари зацртаните цели.

-Не бевме одговорни со топката и направивме многу непотребни грешки што е нешто што е целосно неприфатливо за нас. Сигурен сум дека моите играчи не ги правеа тие работи намерно, но ќе мора да работиме на тоа да бидеме подобри, по трпеливи со топката.

-Дисингер беше навистина добар во првото полувреме, но второто полувреме беше голем проблем за нас, бидејќи успеавме да постигнеме само пет гола во првите 20 минути. Сепак, би сакал да ја искористам можноста да им честитам на моите момци што резервираа билет Ф4 и им посакувам среќа во Задар, -истакна Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни