СЕХА лига
Алушовски отпиша двајца играчи за полуфиналето со Загреб: Кантегрел доби предност пред талентираниот Кизиќ

Во својот деветти настап на завршниот турнир во СЕХА лигата, Вардар ќе се обиде да дојде до шеста титула во регионалното натпреварување, мисија која стартува оваа вечер со полуфиналниот дуел со ППД Загреб.
„Плинарите“ се добро познати противници на вардарци и веќе неколку сезони се редовни „пациенти“ на македонската гордост од Скопје, но со оглед на големите промени кои настанаа во тимот, Вардар овојпат не може да се смета за апсолутен фаворит во пресметката.
Тоа го нагласи Тимур Дибиров кој сепак потенцираше дека тимот има за цел повторно да се закити со трофејот во регионалната лига, а во воведот за вечерното полуфинале кое е второ на програмата, сега пристигнаа и официјалните состави кои ги избраа тренерите.
Од повиканите 18 ракометари, тренерот Стевче Алушовски мораше да „прекрати“ две имиња, а на крајот изборот падна на Марко Кизиќ и пивотот Гашовски.
Алушовски на мечот со Загреб нема да може да смета на Стојанче Стоилов кој има коронавирус, па јасно е дека ќе има два пивоти на завршниот турнир во Валчак и Калараш.
Составот на Вардар: Ристовски, Кантегрел, Валчак, Јагуриновски, Димитриоски, Георгиевски, Дисингер, Јотиќ, Калараш, Гаџа, Чупиќ, Талески, Дибиров, Вујин, Векиќ, Мишевски.
Составот на Загреб: Јандриќ, Ашанин, Вистороп, Мраковчиќ, Мандиќ, Божиќ Павлетиќ, Буриќ, Вуглач, Обрадовиќ, Стојниќ, Божовиќ, Матановиќ, Хрстиќ, Млакар, Граховац, Влах.
-
Англијапред 24 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 21 час
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)