Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Не се плашиме од никого, имаме зацртана цел

Објавено

на

Ракометарите на Вардар во новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите ќе играат во групата А каде за ривали ќе ги имаат ПСЖ, Кјелце, Пик Сегед, Мешков Брест, Порто, Елверум и бундеслигашот Флензбург.

Вардар ги доби ривалите за групната фаза во ЛШ (ФОТО)

Ова секако се квалитетни клубови, но „црвено-црните“ можат да се надигруваат, носат со секого и со квалитетна игра да се изборат за зацртната цел.

-Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот план е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме од никого, -истакна тренерот Стевче Алушовски.

Првиот меч Вардар ќе го игра на гостински терен против Мешков Брест.

Вардар отвара и затвара со Мешков Брест, норвешки Елверум прв ќе го почувствува „Јане Сандански“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни