Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Мора да се сменат многу работи, ова треба да биде голема лекција за нас

Објавено

на

blank

Составот на Вардар претрпе пораз од Мешков Брест од 36-32 во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардарци повторно грешеа, им недостасуваше енергија, борбеност, а тоа се гледа и по крајниот резултат и бројот на примени голови во нивната мрежа. Тренерот Стевче Алушовски не беше воопшто задоволен и најави промени во играта, пристапот на наредните мечеви.

-Честитки до противникот за победата. Добро го отворивме натпреварот до 5-5, имавме играч повеќе и направивме несфатливи грешки кои се недозволиви на натпревар од ЛШ, истите ни се повторуваат и ќе мора да меднуваме нешто во иднина.

-Не бевме на ниво во одбраната, особено во првото полувреме кога примивме 20 гола, потоа беше многу тешко да се вратиме во натпреварот. притоа дополнувајќи. Многу работи ќе треба да се сменат ако сакаме да имаме подобри резултати до крајот на годината. Мора да гледаме напред, да работиме напорно, ова да биде една голема лекција за сите нас, -порача Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни