Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Мешков доби на квалитет со Скубе, ама знаеме кои се нивните слаби страни

Објавено

на

Составот на Вардар 1961 оваа седмица го започнува настапот во Лигата на шампионите за сезоната 2020/2021 и тоа со гостување во Белорусија кај стариот познаник Мешков Брест.

Ова е ривал со кој „црвено-црните“ имаат одигрнао голем број на дуели во регионалното натпреварување како и ЛШ што значи дека тимовите многу добро се познаваат иако има промени во составот на двата клуба.

Вардарци утре со чартер лет одат за Брест каде желбата, целта е да се дојде до поволен резултат против Мешков кој е добро анализиран и се знаат сите негови силни страни, но и слабости.

-Натпреварот со Мешков Брест е прв во низата на натпревари кои не очекуваат во ЛШ. Се она што досега го одработивме беше подготовка за овој меч. Имавме големи проблеми на сите пријателски средби, па и на завршиот турнир турнирот во Задар, пред се мислам на играта во напад. Задоволен сум од она како се подготвуваме за овој меч. Мешков е наш стар познаник, долги години игра на Ф4 турнирите во СЕХА лигата и сериозен противник во ЛШ. Со доаѓањето на Сташ Скубе мислам дека добија квалитет плус, се работи за сериозна екипа која игра на домашен терен и ја има благата фаворитска улога. Она што очекувам од нас е да го подигнеме нивото на играта пред се во напад. Имавме можност да ги анализираме, да ги согледаме нивните слаби стани, ги гледаме на турнирот во Задар, имаме неколку мечеви од нивната белоруска лига и мислам дека подготвени ќе го дочекаме овој меч. Ќе дадеме максимум и ќе биде доволно да се вратиме со поволен резултат од Брест, -истакна тренерот Стевче Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни