Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Имавме голем проблем во нападот, освоивме важен бод за нас

Објавено

на

Ракометарите на Вардар водеа голема битка со Порто низ сите 60 минути на вечерашниот меч во СЦ „Јане Сандански“ за да на крајот останат без целиот плен со оглед на тоа што гостите од Португалија израмнија во последната секунда за конечни 25-25.

Нормално во таборот на „црвено-црните“ жалат што не беше остварена нова победа, но во исто време се реални оти резултатот можеше да биде и поинаков со оглед на тоа што Порто имаше плус два во второата половина на второто полувреме

-Честитки до Порто за добриот меч. Кажавме дека не очекува тежок дуел, дека играат добро седум на шест, се оствари. На крајот немавме среќа да се радуваме, но можеби заслужено освоија бод. Добро ја простудирале нашата игра, голем хендикеп ни беше отсуството на Дизингер. Добро не затворија, добро го затворија нашиот кружен напаѓач. Имавме голем проблем во нападот, одбраната беше коректна. Исто сакам да им честитам на момците кои се вратија од еден изгубен меч и на крајот освоивме еден важен бод за нас, -истакна тренерот Стевче Алушовски.

Сличен став како преводникот на Вардар имаше и искусниот Марко Вујин,

-Имавме доста проблеми во нападот, со технички грешки и промашени зицери. Се надеваме тоа ќе го поправиме во наредните натпревари, ремито е најреален резултат. Не бевме на нивото како против Флензбург, тие се одлична екипа кои тоа го користеа низ целото второ полувреме. На крајот можеме да бидеме среќни што земавме бод, сакавме два, ама што е тука е, одиме понатаму, -порача Вујин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни