Поврзете се со нас

Италија

Алтобели: Проектот нa Спалети е готов, го слушнав…

Објавено

на

Италија влезе како шампион на актуелното Европското првенство, па имаше најави од играчите, стручниот штаб дека целат кон одбрана на пехарот, меѓутоа се случи сосема спротивното, се претставија во лошо изданија и беа елиминирани во првата нокаут рунда од Швајцарија.

„Аѕурите“ на доста среќен начин ја минаа групната фаза, но потоа дојде пресметката со Швајцарците во кое беа немоќни, едноставно не беа никаква закана за противникот што секако многу говори за целата екипа.

Критиките ги има и ќе ги има, а меѓу оние кои се огласи е Алесандро Алтобели, некогашниот ас на Интер и Јувентус, човек кој беше дел од шампионскиот тим на Италија на СП во 1982 година.

-Моравме да направиме повеќе, само ние сме одговорни. Се пласиравме во нокаут фазата во последната секунда, а потоа Швајцарија доминираше против нас. Тие се добар тим, ама за некои прашања е потребен е одговор ако не можеме да ги победиме.

-Слушнав како Спалети се жали како немал доволно време, но ако ти се понуди репрезентација и мислиш дека играчите не се на висина на задачата, не треба да прифатиш. Многу тренери не го направија тоа (да дадат оставка), потребна е храброст. Тој и Гравина рекоа дека сакаат да го продолжат проектот, но овој е веќе завршен. Тренерот е фален кога тимот победува, но кога има порази мора да ги прифати критиките, -порача Алтобели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни